Моќта на медиумите
Синоќа, на најбрутален начин беше извршен упад во здравиот мозок на гледачите на А1 телевизија, а вистината грдо силувана од страна на новинарите, вработени во А1.
Снимките, кои одеа директно во етерот, прикажува тензична атмосфера, маса народ и многу полицајци, кои мора да се признае, стоеја како неми кипови. Имав чувство дека сме на прагот на граѓанска војна. Гласот на Борјан Јовановски панично повикуваше некој од одговорните во државата да дадат објаснување… ги повикуваше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, премиерот, па и претседателот на државата, прашувајќи – дали е ова демократија?
Нешто ме посетуваше на грдите снимки од Букурешт, при падот на Чаушеску и оние од Белград, за времето на Милошевиќ.
Борјан најави дека негова колешка е брутално претепана од полицајците… за среќа, камерите беа директно вклучени и повремено ја прикажуваа атмосферата надвор, пред вратата на Перо Наков б.б. Се слушаше паничен женски глас, кој велеше – Немој да ме тепаш!
Но, сликата говореше друго. Полицајците, кои беа во нејзина близина, ниту кренаа рака, ниту отворија уста.
„Претепаната“ новинарка потоа се најде во студиото. На нејзиното лице немаше никакви траги од тепање, а камоли од претепување… изгледаше солидно. Борјан, без дамка срам, ја најави и неколку пати повтори дека „вечерва е претепана новинарка, во обид да си ја врши работата.“ „Претепаната“ новинарка, кога веќе беше толку безобразна, требаше да оди до крај… можеше да замоли некого од своите колеги, да и’ го скрши носот или самата да удри со главата в ѕид, па сите пред малите екрани да не’ убеди дека е брутално претепана, а дека демократијата е силувана.
Во студиото, на телевизиската куќа, пред чии порти имаше полицајци, кои не им давале на новинарите да си ја вршат работата, продифелираа „загрижени граѓани“, кои случано поминувале или виделе од телевизија, па дојдоа да го изразат својот револт против власта и да ја дадат својата поддршка на слободата на говорот. Беше тоа една интересна палета од „лица без образ“, добро познати на македонската јавност. Една интересна комбинација од иссвирени свирки, весели палавковци, бунтовници без причина, актери без ниедна роља и борци за педерски права, кои се обидуваа да го дупат народот во здрав мозок. Партиите со минорен рејтинг, кои се обидоа безуспешно да креваат востанија и бунтови, синоќа се обидоа да одржуваат тензична атмосфера, а во иднина и перманентна кризна состојба, за да придобијат некој глас повеќе на својата страна.
Синоќа вистината беше сокриена и силувана. Никој од новинарите на А1 не спомна дека полицијата пред Перо Наков б.б. била само како асистенција на финансиската инспекција, а газдата го искористи моќта на медиумот за да манипулира со јавноста. Новинарите на најбрутален начин беа (зло)употребени, за да ги штитат матните зделки на газда Рамко, од чии простории беа изнесени неколку вреќи со пари.
Ја почитувам слободата на мислење, слободата на говорот, но, господа од А1, вашата слобода не смее да ја загрози слободата на другиот да ја врши својата работа. Немојте да го понижувате сопствениот народ. Народот со лага можете на кратко да го придобиете и изманипулирате, но вистината секогаш како зејтин се појавува на површината.
Comments(74)
A1 televizija e zkon
i e najgledana oti ima najvise Showmeni
abe partik
shoumastgoon
policijata se obide da gi zamolci demokratskite novinari koi vcera vreskaa vo eter seli 8 saati, se prasuvam kako izgleda koga vlasta ne gi zamolcuva demokratskite novinari
pozdrav
Ми се гади од дудлачи, кои изигруваат слободни новинари…
Поздрав
Жално е да читаш како интелегентен човек од себе прави идиот.
mene mi se dopadna komentar na ljupco bocvarov
kolki da napiseme za ova
nego ne mozeme da go nadmineme
bravo za nego
inaku tvojot text e odlicen
opaaaaaaa
andrej frlil rukavica
doduse so vregjanje
aj
partik
3
2
1
BOX
Патрик, типичен Дпмне сератор си – на снимката убаво се гледа како полицаецот ја дри новинарката за гуша и ја турка.
Astro
Партик е доволно интелегентен да знае дека тепање не е само по глава,
довоолно е интелегентен да знае дека не се блокира цела зграда за да се изврши контрола во една две или десет фирми. Се блокира влезот во фирмите.
доволно е интелегенте да знае дека ниту еден од гостите не го спомна името на газдата на телевизијата
доволно е интелегентен да види дека полицијата не им дозволуваше на луѓето да влегуваат во зградата
доволно е интелегентен да види дека инспекцијат влегла без никаков проблем во зградата па е нон сенс да се блокира целата зграда
ама јеб га, МОРА очигледно да изиграва идиот и да го занемари сето тоа.
ic ne me interesira toa
jas zemav pukanki
i rekov BOX
da znais partik e opasne koga e iznerviran
iznenagjen u navregjen
искоментирав на друг пост …ама ај пак ќе се повторам…главна тема денес на сите ни беше Перо Наков бб…и стрико Вељо
Никој не верува во изрежираната претстава на А1
гледаноста така не се зголемува, рејтингот на опозиционерите уште помалку
Колку правилно избран збор за ситуацијава…
Дудлачи…
ne znam sega da izberam koj termin e podobar na
partik dudlaci ili na bocvar drkaci
mislam deka sepak bocvar malku mi vodi
Проблемот е друг.Воопшто не се битни најдените пари,народот што се собрал таму,политичарите.Битно е дека бувна брука во светскиот етер за полицијата и ТВ.Светот гледаше голем број полицајци пред ТВ куќа.И на тоа бурно реагираше.Е сега ајде да видиме кој и како ќе ја вади ситуацијата.Овде светот ја нападна владата ама,ај што ја напдна владата,ја нападна директно Македонија.За парите и криминалот,ако го имало,ќе се најде крајот.Последиците ќе ги видиме накнадно по Македонија.
одличен текст,
патрик ти добро знаеш дека јас не ја поддржувам оваа власт, ама ова вчера беше лакрдија од страна на режисерот Велија и лошата глума на неговите пулени, како и бламажа на најголемиот дел од опозицијата, на која се надевам дека денес им е многу појасна ситуацијата отколку вчера кога, кога некои можеби од пред се наивно отидоа таму да ја видат ситуацијата
смешно е денес да се правиме наивни на фактот, које е општо познат, дека Велија не се занимава со недозволени работи, па само фактот дека должи неколку милион евра само на Сведмилк е застрашувачки, а каде се долговите кои ги има кон другите фирми и новинари, се сеќавате на големата преселба на новинари пред некоја година
со тоа што го напаѓам Велија не значи дека го амнестирам Ѕинго или Стојменов, напротив
И кога ке видиме затварање на стадионот или на зградата на канал 5. И во едната и во другата има регистрирано исто толку фирми колку во ПероНаков ББ???
blamaza bre
ako nekoj od ucesnicite ima malku gordost
nikogas vise nema da se pojavi u javnost
ene i nasiot mil bloger ROBERTO e tuj v toj kosh na blamiranite
Андреј,на толку фалби се плашам да отворам уста, за да не ми падне месото од клунот…
Да, и просечно интелигентен човек ќе размисли, ако некој е претепан дека треба да има траги од насилство.
И просечно интелигентен – знае дека ако е блокиран влезот, не е возможно во студиото да дефилираат случајни минувачи низ политиката, кои „случајно се затекнале таму…
И просечно интелигентен човек знае дека никој не смее да биде поштеден од инспекции, дека законите важат еднакво за сите.
Андреј, ако ова е нормална држава во која има еднаквост на граѓаните, се надевам наскоро
ako treba da delam sudijska pravda
partik so terminot prosecno inteligenten
vodi na poeni so direkt u sivata masa
iako sum sudija sum i fan na partik
sooori andrej
ajt VTORA RUNDA
Па Оги не сум сигурен.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82010959234&id=10&setIzdanie=22064
Каде е полицијата да помогне да се наплатат овие пари??? Веста не е вчерашна.
makrobioticar, внимавај на вокабуларот…коментарот ти беше блокиран. Го ослободив без да го прочитам. Во иднина, ваквите коментари ќе остануваат заглавени.
А ти ми изгледаш како „загрижен граѓанин“ за слободата на говорот…
andrej ne mati sega voda
toa sto ne se naptlakjat danoci na drugo mesto e isto taka golemo sranje
no nema toa vrsta so vcerasniot slucaj
vcera beshe SHOW koe ne se pamti vo istorija na makedonija od vremeto na bitkata so DARIJ
За тепањето и трагите на насилство немој да си сигурен дека е така.
Прашањето кое секој нормален човек ке си го постави е Зашто за проверка на некои фирми во зграда е спречен нормален проток на луѓе во целата зграда.
Значи ли тоа дека ако фирмите на велија беа во Соравија, ке се затвореше цел трговски центар???
Александар , мислам дека синоќа си извршија самоубиство… ја извалкаа до крајни граници професијата. Секој чесен новинар се срами од своите „колеги“ во А1.
Astro,
шоуто го направи власта. Не се они наивни да не знаат дека во таа зграда има телевизиска куќа и дека секое затварање на вратите ке го предизвика тоа што се случи.
Ниту пак верувам дека денешниве постови се случајни, како што не е случајно ни тоа што ефо токму денес си го избриша блогот.
Некој е лошо изманипулиран, а времето ке покаже кој.
partik
mozes ti mene da mi kazes so moze FRCKOVSKI da si izvalka??????
Partik
поздрав од мене, немам намера да дискутирам за глупостите на власта, зашто секојдневно ке ги гледаме се повечќе и повеќе, а тоа замара.
Не сакам мојот прв коментар да го сватиш како навреда. Знам дека си морал да го напишеш ова.
filip22, токму затоа постот има наслов- Моќта на медиумите…
Медиумите имаат моќ да дезавуираат, да шират дезинформации, да ја збунат домашната па и светската јавност, но само за кратко… вистината сепак се дознава.
ogi-Не се зафаќај со Сведмилк.Таму е поставен човек кој ја упропасти Славија и затвори околу 40-50 фирми наоколу.Јас Андреј го подржувам,Ѕинго сигурно има исто толку колку и Велија.Стојменов такуѓаре,Штерјо еписибир и сега да ги редам?
Почитуван колега, ако ти се гади од дудлачи кои изигруваат слободни новинари, како си стигнал да видиш и, уште побитно, да создадеш свое мислење на темата: што се случува со/во А1? Сите новинари по дефиниција се дудлачи, да ме извиниш… (на новинарите не им се извинувам, тоа им е професија, втора по старост после онаа, првата) Навистина ме интересира процесот на размислување, по кој си дошол до заклучокот од постот, од професионален аспект.
effo go zbrisal blogot???????????
nema sansi
. ako go zbrisal .. go brisam i jas mojot kako protest i koco kje se samozapali pred vladata
oggiedoggie, редно е да реагираме како ЧОВЕЦИ… да ја браниме вистината, макар и да не боли.
Уште во 18.30 му посветив пост, ама вие сте зафатени со задачата па не приметивте.
vidov jas neso od dadao topic
ne misli deka ne te sledam i ne te spijuniram
udba be brat
uvceto , поприкладен збор не најдов…терминот Дркачи, избран од Бочварот не е прикладен за ситуацијава, зашто мастурбацијата се прави за сопствено задоволство и е свет чин… додека Дудлачот прави задоволство некому, а тој не мора самиот да ужива во тој чин.
Поздрав
мамо, мамо овие чичковците од полиција не ме пуштаат да си идам дома,,,,,,,сакам домаааааааааа
помирна и посталожена полиција не сум видел досега …браво за нив издржаа јуначки на сите провокации
да кликнеше на текстот ке видеше.
Андреј, не е грев бројот на фирмите, туку начинот на кој работат…
Партик, ти реков, немам намера да дискутирам на глупостите кои оваа влада ги прави и ке ги прави во наредниот период. Ова го најавив уште пред месец дена, дека ке се негледаме се и сешто.
Сепак јас живеам во Скопје.
astrostoper , кога веќе ме прашуваш за Фрчковски, може да си ја извалка единствено новата ПАЛОМА за бришење нос…
Андреј , ништо јас не морам…морам само еден ден, како и сите смртници – да умрам.
Реагирам онака како што мислам дека е правилно… не дозволувам некој потпросечен новинар да прави оргии со мозокот на граѓаните.
Gaudi , одговорот ќе го најдеш во коментарот во кој го објаснувам изборот на терминот Дудлачи и му давам предност над Дркачи.
Patrik, ti si aktivist na DPMNE pa ottuka ne me iznenaduva deka ne si ja videl brutalnosta, deka ti e najlogicno sto pola policija od makedonija bese isprateni da obezbedi neprecena rabota na inspektorite,voopsto ne me cudi tvojata logika jagneto da ja zamatuva vodata na volkot iako pie od potokot pod nego. Me zacuduva kako eden intelekt od tvoj kalibar mu trebale 24 casa da napise post za toa sto se slucuvalo. Ili cekase da vidis sto kje izjavat tvoite portparoli pa da se soglasis vo potpolno so niv.
makrobioticar , мислиш ако ги менуваш никовите – не те препознаваат… волкот влакното го менува, но навиките не.
Синоќа прегледував писмени, па немав време за пишување…денес на работа. Ако е пракса кај тебе да добиваш инструкции, немој тоа да им го припишуваш и на другите. Сите не функционираме на ист начин.
П.С. Ти ли беше тој што ја укаса раката што му даде леб?
КОЛКУ КОМЕНТАРИ ЗАЛУТАНИ ИЛИ НАМЕРНИ, ЈАС САМО КЕ СЕ ЗАПРАШАМ ЈАВНО ОВДЕ КОЛКУ И КОИ ФИРМИ ВО РМ НЕ И ДОЗВОЛУВААТ НА ФИНАНСОВАТА ПОЛИЦИЈА ДА НАПРАВИ КОНТРОЛА НА НИВНИТЕ ДОКУМЕНТИ????? И АКО ИМА ТАКВИ, А ОЧИГЛЕДНО ИМА ЗОШТО НЕ И ДОЗВОЛУВААТ???
АКО СТЕ ИЛИ СМЕ ПОВЕЌЕТО ПАРТИСКИ ОБОЕНИ ПА НЕ НИ ГО ИЗЕЛА ЧАВКА УМОТ ДО КРАЈ.
nesonija , можеби и твојот коментар е залутан… насловот е – Моќта на медиумите.
Значи ли тоа дека секој што поседува медиум, треба да биде поштеден од финансиска контрола?
Не го кажа своето мислење за конкретниот настан, туку ја водиш дискусијата во друг правец, со цел да ја разводниш.
Мене ова ми личи на нов циркуски серијал! Тоа е само `пософистицирана` варијанта на `ово-бато-губи-а-ово-добија`! Во недостиг на `леб` за народот тоа се компензира со поевеќе циркус! Во меѓувреме, поединци – и од обата табори, верувам – изнесуваат милиони (злобниците велат и милијарди) евра во странски банки. Но, има и колатерална шета, од типот на таканаречениот новинар борјан (на читателот оставам да претпостави дали малата почетна буква во неговото име е случајна), кој не само што си ја симна `цената`, туку – очигледно – ги симнал и `гаќите`…
На здравје бричење!
(овој коментар прво го оставив кај Зорив)
Лошата глума се гледаше од месечина,но проблемот не е вчерашен и не е само наш.Моќта на медиумите значи покрај другото креирање на сопствена вистина за да се протурка личниот интерес на поедици и групи.
И сега би прашал, маме му ебем кој прв почна така безобразно и на таков начин да манипулира со јавното мислење?
Нема да набројувам илјадници примери,ќе се задржам само на актуелната кампања за откуп на дворните места што моментално се врти по телевизиите .Таму дефилираат луѓе што глумат среќа од односот на власта кон нив .Кога ги гледаш ти се чини дека тече мед и млеко пред шалтерите каде се вадат документите за откуп на земјиштето.
Но за жал таа вистина креирана во кампањата е толку различна од онаа на терен што ти доаѓа да исфрлиш телевизорот низ тераса.
Несреден катастар,недонесени детални урбанистички планови,јавашлук кај службениците што работат во администрацијата.
sbepot , немам што да додадам на твојот коментар…се согласувам.
filipko, кога некој од другата страна, сметајќии дека е големо новинарско перо, така дрско и безобразно лаже, ми доаѓа да го фрлам телевизорот. Синоќа малку го погледав Чомовски,но не го догледав зашто ми се згади…среќа што имаме повеќе програми на избор.
Горјан, Борјан, Тртла, мртла…
Хистерични вувузели и неостварени глумци.
Тешко на македонското професионално новинарство со вакви новинари.
А најинтересно е што ЗНМ воопшто не се осврна на непрофесионалноста на колегите.
Дали имаме едно мртвороденче? Од ЗНМ треба да се срамат за тоа.
Мојот поглед на работите и РЕДЕНКАТА ВО А1:
http://novek.blog.mk/2010/11/26/redenka-vo-a1/
gjurovski, новинарите во А1, одамна отстапија од професионалното објективно информирање на јавноста… донекаде и ги разбирав, зашто работат за плата, но фарсата со инсценирање државна криза, кога личниот интерес се преферира да се претстави како национален, користејќи се со моќта на медиумот, го надмина сите граници.
Цела Македонија сфати дека имавме нова претстава од грчкиот театар А1, освен изродите и дебилите кои сеуште свршуваат на Бранко и на странските платеници – соросоидите.
1979 , претставата беше бледа сенка на српските сценарија, а глумата очајна.
partik, мило ми е што го препознаваш српското сценарио.
Нели, треба да се има ТЕРЕН за такво нешто.
Barabbas, немаше ТЕРЕН имаше само сцена и слаби актери.
Значи во моментот кога НЕКОЈ, било кој ќе објасни што бараат желките при финансова инспекција – сите муабети ќе ви вредат.
Многу е симптоматично што ги немаше жељовци кога се палеше македонското знаме во Тетово, а кога се врши финансиска инспекција ги има во доста голем број.
Едно е сигурно, таа вечер власта беше во дефанзива…се бореше очајно да докажи дека црното е бело. А1 и опозицијата, реално или фингирано, делуваа како центар за слобода…како да гледав пренос од Букурешт 98-осма, се редеа независни и опозициони интелектуалци, слободно се дискутираше, и се повикуваа преставниците на власта да дојдат пред камерите…ДПМНЕ кога процени дека ја усра работата ги ангажира Латас, дебелиот бурекџија, МРТВ..само Миленко- џепарошот го немаше…тртљаа ли тртљаа ама ги убедија само вмровците…мене сигурно не, верувам и тебе не те убедија, ама јбг должност си е должност…
Barabbas, дали има или нема потреба од асистенција на полицијата, е работа на проценка, но сигурно не моја. А ја виде ли претепаната новинарка?
Јас имам две прашања:
1. Дали полицијата или било кој државен службеник смее или не смее да ги прекршува човековите права при извршување наредби? (ваше мислење)
2. И дали знаете кој е одговорот на тоа прашање според македонскиот правен систем?
karamba, кој таа вечер беше независен интелектуалец? Посочи едно име. Тоа беа иссвирени свирки, дупнати или веќе употребени презервативи, лидери на весели несериозни здруженија,…или можеби актерот без ниедна улога за тебе е независен интелектуалец?
Партик, немој да се мачиш на дебили и изроди да им објаснуваш работи кои и дете од прво одделение ќе ги разбере.
Развигор, оди шетај ги кучињата на Милчин.
“…Barabbas, дали има или нема потреба од асистенција на полицијата, е работа на проценка, но сигурно не моја…”
Еве ме испровоцира
Си земав за право да проценам јас дали и колкава сила е потребна.
http://barabass.blog.mk/2010/11/27/zoshto-grujo-e-pichka/
Биди поздравен
razvigor, поставуваш реторски прашања?
Фактот дека таа вечер непречено течеше во етерот шоуто на А1, доволно говори дека слободата на говорот не беше погазена. Се редеа „слободни мислители“ и „случајни минувачи“, „загрижени“ за загрозеноста на слободата на новинарите. Дури „претепаната колешка“ на Борјан дојде пред камерите.
Патрик, сметам дека прашањата се суштински.
Едното се однесува на лично мислење, односно став, а другото на познавања, твои како домаќин на блогов и започнувач на муабетов, како и на секој од присутните кој сака да одговори.
Патрик, истото прашање се поставува и за дугата страна..Ванковска или Донев кој дури беше председател на УО на Сорос друго збореше..или Лапас за тебе е релевантен…или Јанко бе? Едно е јасно ДПМНЕ ќе му се фати на итриот Торбеш, исто како СДСМ му се фати 2006-та…синоќа он го потегна своето тајно оружје…човекот има документи дека Грујо ги плачал спотовите на ДПМНЕ од буџетот, Надеж-2 хе,хе,хе…прати ја А1, уште е во офанзива..апропо кај ќе си данес во 17 часот. Да ти кажи чичко Карамба..Дпмнеја губи битката со торбешоѕ…стар лисец бе…
karamba!, мене не ме интересира битката меѓу ДПМНЕ и торбешот, туку користењето на медиумот за лични цели, притоа земајќи ги како логистика опозоционерите со незавидно низок рејтинг и „слободните мислители“, кои ама баш ништо не измислиле…бидејќи се’ е измислено.
[...] Патрикополис: Моќта на медиумите * [...]
Како и да е Велија брилијантно го употреби оружјето што цело време го практикува власта-од црно да прави бело со помош на моќта на медиумите.
Чуму сега крокодилски солзи?
не е точно филипко, едно е да плукаш по власта и со право и без право, ама друго е кога ги обвинуваш институциите дека тепале некого, спречуваш полиција и инспектори да прават финансиска контрола, повикуваш на бунт/народ и тн.
Значи уште еднаш полицијата опремена со опрема против немири (значи никакви специјалци бла бла), дојде накај 20 часот во А1 1 час откако Борјан Јовановски почна со неговата хистерија на А1 како телевизијата е под опсада, како не знае што бараат полицајците во А1 ?(а инспекција имало во зградата од 10:30 сабајле!) и откако се насобраа луѓе вработени во А1, опозициони симпатизери и тн. Од снимките на А1 на два-три пати видов буткање од страна на масата и два-три пати беше пробиен кордонот кој имаше за цел да ги легитимира сите кои влегуваат во зградата во која имаше инспекција. За оние што се прават наивни кога има инспекција дуќанот се затвара, инспекторот може да те претресе сосе џебови, во моментот кога он влегува работата запира. Се разбира тоа важи за обичните граѓани а не и за Велија бидејќи он е опозиционер и него не смеат да го пипаат иако веќе со месеци и про-владини про-опозициони медиуми пишуваа за криминалите на Велија.
filipko, каде виде солзи? Народот се забавува на сметка на бламажата и неуспешниот пуч.
Патрик народот не се забавува,ами се подели во два света кои стануваат се подалечни и подалечни.
На почетокот прашав кој прв почна маме му ебам,тој е виновен за поделбата.
filipko, народот одамна е поделен, само одвреме- навреме јазот се продлабочува. А заради почитувањето на желбата за власт на најмладиот пензионер, овој период ќе се екскурзира неговото членство, во обид да се одржува перманентна кризна состојба и глумење незадоволство.
[...] бламира, се уверив онаа фамозна ноќ, за која пишував во МОЌТА НА МЕДИУМИТЕ, а вечерва истиот тој новинар, (кој нема ни Н од [...]