БАКЛАВА

Не, овде нема да прочитате рецепт за баклава… ако сте по слатките нешта, напуштете го блогот и појдете во најблиската слаткарница, ако самите не умеете да приготвите нешто слатко. Во овој пост нема ни музика од БАКЛАВА.

Овој пост му е посветен на документарниот филм што (2008 г.) ја шокирал бугарската јавност, а против режисерот и продуцент на филмот, Алексо Петров, е покренато обвинение, поради клипчињата со порнографска содржина, кои се вртеле по интернет, а не се составен дел од филмот. Филмот е забранет за прикажување во Бугарија, но според зборовите на режисерот, наидува на блескав прием во Холандија и секаде каде се прикажува.

Филмот е потресна приказна за децата без родителска грижа, штитеници на домот „Александар Георгиев – Коџакефалијата“ во Бургас. Во Отвореното писмо до медиумите, објавено на неговиот блог, режисерот Алексо Петров, меѓу другото пишува:

„ Овој „ документарен кошмар“, чиј сведок бев по моето враќање во Бугарија, се претвори во „игран трилер“, по завршувањето на монтажата на филмот. ЗА жал, тоа што можеби ќе го видете, ако го изгледате целиот филм, не е уметничка измислица, туку ужаснувачка слика на стварноста, која што вие или не можете или не сакате да ја видите во заобиколувачкиот живот.

Не сакам да објаснувам што сум сакал да кажам со филмот- за оние што веруваат, тој не само што зборува, туку вреска. Вреска од болка, од недоверба, од безизлезност…

…тоа што им се случува на бугарските деца по улиците, е далеку поужаснувачко, отколку прикажаното во филмот. “

„ До кога ќе ги затвараме очите пред нерешените проблеми на „децата од улицата? “ меѓу другото се прашува режисерот.

Од Блогот на Алексо Петров.

Трилер од филмот можете да видете тука.

Можеби се прашувате, зашто сум го напишал овој пост… да ја погледнеме состојбата и во нашите домови за деца без родители. Можеби е слична. Сетете се какво влијание изврши Чарлс Дикенс со неговиот роман „Оливер Твист“. Нешто слично очекуваат сега децата од домот во Бургас… се надеваат дека нештата ќе се променат на подобро.  Дали и нам ми треба Баклава, за да почнеме да ги решаваме проблемите?



4 Comments so far

  1.   1979 on април 9th, 2010

    Се гледа од клипот дека филмот е провокативен, но само така може да се сврти вниманието на јавноста кон проблемите на тие деца.

    Ако се направи обичен документарец никој нема да мрдне со прст за да се сменат работите.

    За цензурата, пред десетина години го гледав во кино францускиот “Романса“. Филмот беше најавен како контроверзна еротско-психолошка драма, ме заинтригира и отидов да го гледам.
    Се прикажуваше во 20.00 часот во едно од кината во Скопје и беше даден без никаква цензура, а
    имаше сцени кои можат да се оквалификуваат како порнографски.

    Подоцна го даваа и на МТВ без цензура и касно навечер.

    И да пробаат да цензурираат, на интернет денес е достапно се, така што подобро е да го прикажат во некои ноќни термини за да не го гледаат оние најмладите, отколку проблемот да се цензурира.

    А оваа “Баклава“ сигурно ќе смени некои работи во Бугарија.

  2.   partik on април 9th, 2010

    1979 , благодарам за коментарот.
    На блогот на Петров, режисерот на филмот дојдов сосем случајно…во пријатели, на еден блог беше запишано БАКЛАВА. Мене ми асоцираше на нашата етно група, па кликнав. Содржината на текстовите ме заинтригира, па прошетав низ неколку бугарски страници и на ЈУ-тјуб.
    Филмот изгледа не е цензуриран, но на филмот порнографските содржини со детска порнографија ги немало. Најверојатно сцените што се исфрлени од конечната верзија на филмот се прикачени на неколку бугарски страници. Јас такви клипчиња не видов. Режисерот сведочи за крадење коли, питачење по улиците, малолетничка проституција, алкохолизам, наркоманија… а пушењето испаѓа најмал порок.
    Веројатно по големата прашина што ќе се лрене зад филмот, нештата ќе почнаат да се менуваат.
    Поздрав

  3.   partik on април 9th, 2010

    Валентин, благодарам на посетата… :)

  4. [...] Partikopolis blog [...]

Напишете коментар