ФАНИКА

„Да се пишува за себе и за своето творештво, треба да се има многу храброст и искреност…“ запишал во прилогот кон каталогот за вечерашнава изложба, нејзиниот автор – Ѓеорги Божинов Фаника.

partik - fanika , avtoportret

Изложбата претставува ретроспектива од слики, цртежи и скици, кои авторот во еден подолг период љубоморно ги чувал во својата „МАПА“, па еве сега решил да ја отвори и да им ја доближи на своите сограѓани, кои одамна ги напушти. Долго време Фаника живееше во Словенија, каде замина како млад сликар и важеше за успешен во кругот на уметниците.

партик -  цртежи

партик - фаника - скица

партик - портрет на баба Фаника
Потретот на баба Фаника, мајката на Уметникот.

партик -  галерија

partik -  slika od fanika

партик - фаника

партик -  фаника

До кулите на Струмица

Денот, иако мајски, не беше како во песната – прекрасен…Темни облаци се беа надвиснале над Цареви Кули, кога со такси тргнавме до Ловен Дом, а од таму кон трим-патеката, која води до Св. Илија. Се чинеше дека секој момент ќе капне. Кога излеговма од колата, не пречека хор од славеи, што си ги распараа грлата. Воздухот беше чист, а шумата искапена од вчерашниот дожд. Решивме да скршнеме лево од патеката и да одиме до Цареви Кули откај Лекувитта Војчка.

partik - sumska pateka
Патеката што води до Цареви Кули е типично планинска, козја патека, па ти се чини дека одиш низ тунел направен од гранките на дрвјата, што растат лево и десно од патеката.

partik - sumska pateka

partik - lekovitta vojcka
Не случајно оваа чешма старите струмичани ја завикале Лекувитта Војчка… и проверките што ги прават за контрола на водите, покажувааат дека од оваа чешма тече најздравата изворска вода.
По кратка пауза покрај чешмата, продолжуваме по патеката која води до асфалтниот пат, што води до Цареви Кули.

partik - lokalitet

Десно од патот се ископините од пронајдената некропола, со која отпочнаа истражувачките работи на Царевите Кули.

partik -  kon kulite

partik - kulata

Оваа кула е полна и е дел од главниот портал. Единствениот пристап до тврдината е од оваа страна, зашто страните на ридот се стрмни и претставуваат природна заштита на тврдината, која и онака била опколена со бедемско платно, кое е во фаза на конзервација и реконструкција.

partik - pogled od kulite

partik - kulata

partik -  bedemite

partik -  bedemot

partik -  kulata

partik - panorama

Од овде се нуди најубавата панорама на Струмичката Котлина, а некогашните стражари на тврдината, лесно можеле да забележат било какво движење на туѓа војска.

partik -  antenata

partik - jas

ПОД КУЛИТЕ НА СТРУМИЦА

партик -  афиш
Вчера, (11.05. 2012.) се одржа четвртиот по ред Фестивал на староградски песни – Под кулите на Струмица, а јас имав среќа да бидам учесник, како дел од Распеаните струмичани. Фестивалот е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија, а беше поддржан и од градоначалникот на Струмица, господинот Зоран Заев и од Советот на општина Струмица. Фестивалот беше поткрепен и од Голд-мак Радовиш, Грозд Струмица, а медиумски беше поддржан и од двете локални телевизии – ТВ Канал – Вис и ТВ Интел.

partik -  olovno nebo

партик - струмица

Оловните облаци, што се беа надвиснале над Царевите кули, како да се закануваа дека ќе ја расипаат фестивалската свеченост и предвиденото дефиле на плоштадот.

partik -  pristignuvanje na gostite

Во предвиденото време (по 17 часот) гостите почнаа да пристигаат во Домот на културата и имаа можност да ја погледаат изложбата на фотографии, на кои беа прикажани настапите на Распеани струмичани, како и најстарата зачувана фотографија од 1931 год. на која се гледа некаква организирана музичка група.

partik - od starite fotografii

Засега никој не се зафатил да ја проучува историјата на хорското пеење во Струмица, а според она што се знае – започнало по Втората светска војна…

partik - raspeani strumicani

партик - распеани струмичани
По заедничкото фотографирање, следуваше пеењето на „Еден прекрасен мајски ден“ или „Под кулите на Струмица“, (која е и химна на Фестивалот), а тоа го означи започнувањето на Фестивалот.

partik- del od raspeani strumicani

Први, пред струмичката публика се претставивме ние, како добри домаќини… Ги отпеавме – Што не ме мажиш, Бор садила мома Евгенија, Серенада и Не стој Доне, Донке.
По нас се претстави октетот Свети Ѓорѓи од Ново Село, но од нивниот и од нашиот настап немам свои фотографии… додека тие настапуваа, ние бевме во гардеробата.
Кога влегов во салата, на сцената беа членовите на Шиткарски од Свети Николе.

partik -  Shitkarski - Sv. Nikole

partik - Serenada, petric
Импресивен настап имаа гостите од Бугарија, Серенада од Петрич,кои беа забавни и умееја да ја развеселат и анимираат публиката.

partik -  Gjurgja - delcevo

Членките на Ѓурѓа од Делчево, беа придружувани од оркестарот Делчевски еснаф.
partik - delcevski esnaf

По делчевчани, следеше настапот на Камелија од Свети Николе.

partik - Kamelija , Sv. Nikole

Девојките од Битола, хористките на Стив Наумов, предводени од Љубо Трифуновски, маестрално ја отпеаја Ако појдам во Битола, но и другите композиции. „Човечкиот глас е најдобриот инструмент…“ ми рече нивниот водач пред почетокот на фестивалот, а во тоа се уверив за време на нивниот настап.

partik -  hor Stiv Naumov - Bt

partik - raspeani  radovisani

Потоа следеа настапите на распеаните радовишани и валандовчаите.
partik - raspeani valandovcani

Последни се претставија гостите од Република Хрватска, Славонците од Гарешница, Клапа Меѓувоѓе, кои со своето пеење кај побликата разбудија спомени на едно минато време на заедничко живеење во иста држава.

partik - klapa Medjuvodje

Впечаток е дека публиката задоволна го напушти НУЦК Антон Панов, каде за речиси два и пол часа видоа на сцената десет ансамбли, а нивните изведби ги наградуваше со спонтани громогласни аплаузи.
Потоа следуваше заедничка вечера во ресторанот на Мотел Дардо, каде дружењето продолжи до раните утрински часови…

YouTube Preview Image

партик - распеаните струмичани

Александар Филев – Моите емоции

partik - afis
Синоќа, во двата изложбени простора на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, пред љубителите на ликовната уметност беа претставени делата на младиот сликар и мозаичар од Струмица – Александар Филев.
partik - izlozba

partik -  ana lakovic

Изложбата ја отворил нашиот познат мозаичар, професорот Газанфер Бајрам, а за творештвото на младиот Филев зборувале уште и Љупчо Апостолов и Марјан Пецев.
partik -  gazanfer

partik  -  fanika

partik - slika

partik - izlozba

partik -  slika od filev

partik - pijanmanovi

partik -  deca pokraj slika

partik - mozaik od filev

partik - filev aleksandar

partik - jas i filev

Средба со читатели

partik -  od sredbata

На покана на членовите на Библиотекарската секција во ООУ „Маршал Тито“ – Струмица, денес остварив средба со дел од учениците , кои членуваат во таа секција, а поводот секако беше „Жива Душа“ која ја има на полиците од нивната библиотека.

партик - жива душа
Средбите од таков вид се интересни, зашто се на обострано задоволство… јас бев почестен што некој пројавил интерес да се сретне со мене, а тие, децата, беше видливо и од нивните лица, што пред себе имаат жив писател, чие дело штотуку прочитале и имаат можност со него одблиску да поразговараат.
DSCN8945
Разговорот беше спонтан и без ракавици, а децата ме изненадија со нивната луцидност.

партик - разговор

партик - разговор

Се разделивме со ветување за нова средба, на која ќе присуствуваат и другите членови на секцијата, кои во моментов не беа во можност да присуствуваат на денешната средба.

До Св. Илија

Некогаш, кога немаше автомобили, манастирчето Св.Илија беше омилено излетничко место на струмичани. До него водеше тесно патче на кое минувачите едвај можеа да се разминат на некои места. Ридот, каде што се Цареви Кули е стрмен… неговите страни се спуштаат под агол од 45 степена. Пред неколку години, тесното патче се прошири, па струмичани ја добија најубавата трим-патека, по која секојдневно, (наутро и попладне) можат да се забележат луѓе од сите возрасти како трчаат или едноставно пешачат и уживаат во чистиот воздух.

YouTube Preview Image

БАЛКАНСКИ ЦРТЕЖ

partik - korica

Синоќа во изложбениот простор на НУЦК Антон Панов – Струмица беше отворена изложбата Балкански цртеж, сопственост на Националниот музеј од Куманово.

partik - crtez 2
Рафет Јонузи – Косово

partik - crtez2 od taskovski
Васко Ташковски – Македонија
partik - taskovski (crtez)

partik - crtez 3

partik - crtez
Јелена Шалиниќ – Терзиќ (Србија)

partik -  velina plamenova grebenska
Велина Пламенова Гребенска (Бугарија)

partik -ljubomir popadic
Љубомир Попадиќ (Црна Гора)

partik - crtez -ahmet isler
Ахмет Синаси Ишлер (Турција)

Ноќ посветена на Балкански

partik -  etno orkestar
Вечерва, во организација на Друштвото на Бежанците – Ластовица од Струмица, во салата на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, беше организирана вечер посветена на роднокрајниот поет и писател – Стојче Илиев Балкански.

partik -  publika
Воведен збор имаше Никола Сарајлија, кој зборуваше за неговата биографија и првите контакти со „најголемиот жив поет“на Струмица, како што за него во далечната 1970 рекол библиотекарот од Општинската библиотека Ангел Бјадов… Сарајлија предложи во иднина средбите да се претворат во симпозиум посветен на поетот, „а да се одржуваат на денот на неговата смрт – 6. мај (Ѓурѓовден) кој во себе крие некаква симболика, зашто некогаш комитите излегуваа в планина на Ѓурѓовден, а него го викавме- војвода… случајот сакаше да се упокои на Ѓурѓовден.“

partik -  sarajliev

partik - cerkezov
Делови од поезијата на Балкански читаше артистот Черкезов, а за творештвото на поетот своја рецензија прочита Ристо Тодоров.

partik - janeva

partik - gitarist

partik - jas

ОНАА ШТО СЕ ВРАЌА

- Господи, не земај го девојчево… земи од моиве години или земи ме мене и онака сум безвреден и стар, но остави го него. Господи…
-Тоа е гласот на стариот болничар, Ибро… така го викаат сите. Го познавам по рапавиот глас… по шепотот. Како да се срами од својот рапав глас, па никогаш не го повишува. Зборува тивко или поточно шепоти. Сигурно неговото старечко лице е избраздено со брчки , што ги направило времето, а можеби има и лузна некаде на образот или на веѓата… Никогаш порано не сум го видела. Не ни знаев дека постои, а ете – неговиот глас или поточно неговите молитви низ шепот , кои толку искрено ми делуваат, се наменети за мене. Се моли на два јазика… на два бога. Првин на мојот јазик, а потоа мрмори низ липтеж нешто неразбирливо… веројатно на арапски. Му се обраќа на неговиот Алах. Не знам по кој пат ги слушам неговите молитви на два јазика… Одамна престанав да ги бројам деновите. Не знам ни кој ден е, дали е четврток или петок… сеедно. Може да е и сабота, а мене одамна сите денови ми се недели. Така ги чувствувам, зашто одамна ништо не правам… а и да сакам – не можам. Не знам ни зошто не можам да се мрднам. А толку би сакала…
Толку би сакала да му треснам една тупаница на докторот, што го препознавам по кломпите и по неговиот студен глас, во кој се труди да внесе доза на сочувство, ама тоа го прави студено, професионално, однапред пресметано. Не знам каков му е изразот на лицето, додека на моите родители им вели: „ Правиме се’ што можеме, но попусто… денес откажаа бубрезите…“ „ Аман, си велам, секој ден нешто ми откажува… уште што остана? Има ли нешто што нема да откаже? “
Би требало да е на педесетина години и да го има она лице – јајце, мазно, безизразно… бесчувствително. Сигурно многу пуши… здивот секогаш му мириса на цигари, а рацете редовно ги мие и ги негува со крем. Го препознавам по мирисот, оној од цигарите измешан со мирисот на крем од рацете. Главната сестра има добро негувани раце и секогаш мириса на чисто… веројатно и униформата врз неа изгледа елегантно и чисто. Има пријатен глас и секогаш е насмеана. Сестра Катерина ја познавам по мирисот на кромид и на манџи. Сигурно многу се поти и не се бричи редовно под мишките. А млада е… според гласот не би требало да има повеќе од дваесет и пет. Има две дечиња и двете ќерки. Поголемата е прво одделение… преокупирана е со неа и нејзините домашни задачи. Рано се омажила и рано сфатила дека избрзала… Мажот и‘ пие и ја малтретира, а таа утеха бара кај младиот специјализант, кому изгледа мирисот на манџи добро му мириса и го потсеќа на дома… Специјализантот постојано нешто прашува и многу е внимателен со неа… редовно се бричи и мириса на Питралон.
Не знам кога е ден, а кога ноќ… мене постојано ми е ноќ. Околу е само црна темница и некогаш неподносливо тешко поради долготрајната тишина. Но и таа е подобра во споредба со мачните моменти на болка на моите најблиски… Иако не ги гледам, ги чувствувам нивните солзи, кои како живи жарови да капаат по моите рани. Само поради нив, поради нивните солзи, посакувам да станам, да оздравам… а не знам што ми е и зошто сум немоќна. Ги слушам нивните гласови и посакувам да им кажам дека сум жива, дека не чувствувам болка… веројатно нив повеќе ги боли отколку мене. Не знам ни зошто ни како се најдов тука.
- Господи, зарем не ја гледаш болката на нејзините родители? – го слушам гласот на стариот Ибро, кој општи со Бога небаре го има неговиот број…
Еден старец со долга бела брада е единствената личност што можам да ја гледам. Понекогаш сме во некој чуден свет, само ние двајцата… јас седната на тревата, а тој седнат на гранката од едно огромно шупливо дрво, чија шуплина е толку голема, да не и’ се гледа крајот. Чудно… само кога сум со него можам да се движам, да зборувам. Берам цвеќиња од кои си правам венец и си го ставам на главата. Старецот е веројатно некој мој дедо, кого никогаш не сум го запознала, зашто сум се родила кога него веќе го немало. Облечен е во бело… небаре долг фустан. Не знам дали му е фустан или некаква ноќница. Ме гледа милозливо, како што дедовците ги гледаат своите внуци. Веројатно е дедо ми… барем така го чувствувам, некако свој, близок, единствен со кого можам да зборувам.
- Зошто баш сега, кога имам толку незавршени работи? А имав толку планови… Мораше ли баш сега?
- А што планираше? – ја накривува главата старчето.
- Сакав да бидам градител… да градам мостови, брани. Сакав да имам свое езеро, свој мост… нешто да остане зад мене. Нешто големо по што луѓето ќе ме паметат… а вака… неславно. Не ја почувствував ни првата љубов. Сакам да сакам и да бидам сакана, да родам два сина, да им дадам пат во животот…
- Колку време ти треба за твоите планови? – ме гледа старчето од високо.
- Барем триесет…
- Малку е… се смешка старчето.
- Песедет! Тоа е половина век…
- Многу си скромна… сети се што ти рече Циганката… рече старецот и исчезна.

YouTube Preview Image

Циганката беше слепа и имаше само два заба… Ја видов кога влеговме со другарките во нејзиниот шатор, покрај реката. Беа чергари и од скоро беа тука. Одевме на гаѓање со боева муниција со старите пушки М 48. Сите имавме по седумнаесет години и по пат ја пеевме „ Бацила је све низ реку“ од Индекси… беше хит. Некоја од нас предложи да одиме кај Циганката… погодувала. Иако не верував во гатачки, влегов… влегов со страв. Прво им „гледаше “ на моите другарки. Кога дојдов на ред ми рече: „ Многу си убава… Убава си како ангел, дури и полична.На твојата убавина и’ завидуваат и ангелите, затоа ќе посакаат да те уништат, но Господ ќе те спаси… ќе го смилостиват солзите и молитвите на друговерен, но искрен и правичен човек. Потоа ќе имаш долг и спокоен живот… ќе родиш два сина и тие ќе бидат како ангели… ќе живееш седумдесет и четири години.“
Значи, ќе живеам… ќе преживеам!
И одеднаш пред мене се стори некаков автомобил, кој од никаде никна на пустата улица, додека ја преминувавме улицата со другарка ми, враќајќи се од училиште. Жена и маж, убаво дотерани, седеа на предните седишта… нешто силно ме удри и ме отфрли далеку… Не чувствував болка… А бев на пет метра до дома. Колку бев гладна… Тој ден имавме шест часа, а на одморот ништо не каснав, затоа по часовите нигде не се задржавме, иако беше пролет.Ми се мочаше… ми се мочаше уште во гимназијата, ама се чував за дома. Не ја поднесував смрдеата на амонијак во школските нужници. Не знам како пушеа во таа смрдеа моите другарки… Лежев на асфалтот и гледав во небото… беше чисто, без ниедно облаче. Како сино платно на кое на средина имаше сонце, кое со својот блесок ме заслепуваше… сакав да ја ставам раката над очите, да ги заштитам од сонцето, но не можев да се мрднам. Ниедно делче не можев да мрднам…Сонцето ме заслепуваше, па ги затворив очите и настана црна црнина. Одев по темно, на слепо… пред себе видов мала светла точка и се движев кон неа. Долго чекорев, а точката се зголемуваше, растеше… веројатно сум во тунел, помислив. На крајот од тунелот ме пречека старецот со долга бела брада и ме однесе кај нашето шупливо  дрво, на зелената полјанка. Старецот беше единствениот мој пријател, со кого можев да разговарам… а не му го знаев ни името. Чудно… мислев дека ми е роднина и никогаш не го прашав ни кој е ни како се вика.
- Жената возела… биле на свадба и биле пијани и двајцата. Возела со сто и педесет на час. Чевлите, иако на врвки, и‘ ги нашле слечени од нозете… Чевлите, моите нови чевли со врвки… ми ги купија пред пет дена. Уште не беа разгазени… крцкаа. Каде ми се чевлите? – сакав да прашам, но не можев.
- Не ќе може да излезе од затвор.
– Кутрото девојче, којзнае дали ќе преживее… нема ништо здраво на неа. И ако преживее, ќе биде инвалид.
- Какво преживување… секој ден нешто откажува. Ја држат на апарати.
- Веќе нема никакви шанси… не дава никакви знаци. Нема ни пулс. Однесете ја на последно капење, а нејзините нека се подготват за погреб… нека изгледа барем малку пристојно.
Какво последно капење… јас сакам да живеам. Јас ќе живеам! Мене циганката ми кажа дека ќе живеам седумдесет и четири години! – сакам да им кажам на Ибро и на сестра Катерина, кои со количка ме носат на „последното“ капење. Тркалата од количката којзнае од кога не се подмачкани и свират…Ме спуштаат во кадата со ладна вода… чувствувам студ. Се тресам од студ. Како не им е срам?! Зарем тие се бањаат со ладна вода? Ибро пак плаче… една солза капна на моето чело. Топла е… ми се лизга низ образите. Чувствувам страшна жед. Во ладна вода сум, а покрај устата ми се лизга топлата солза. Ја отварам устата и ја лизнувам со јазикот. Солена е… а јас сакам вода.
- Вода… дајте ми вода… жедна сум.
- Се врати! Знаев дека ќе се вратиш! Ти си онаа што се враќа! – рече Ибро радосно и ми стави мокра газа на устата.

ЕТНО ПРИКАЗНИ од Хаџиниколов

partik - izlozbata na Hadjinikolov

Вечерва, љубителите на уметноста од Струмица имаа можност да ги видат Етно приказните на Драги Хаџиниколов – Аџи, во изложбениот салон на НУЦК Антон Панов.

partik - izlozbata na Hadjinikolov

partik - hadjinikolov

partik -  slika od hadjinikolov

partik - izlozbata na Hadjinikolov

partik - izlozbata na Hadjinikolov

partik -  slika

partik - slika

partik -  detalj

partik -  jovev

Следна страница »